„ПОВОРКА ЗА БАДНИК“ – ВО ЧЕСТ НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

Во пресрет на Христовото раѓање, на 06.01.2020 год. (Понеделник) со почеток во 11:00 час. дечињата од црковното хорче, тргнувајќи од Црквата „Св.Илија“, ќе пристигнат на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“, со Бадникова литија носејќи ја пештерата која го претставува Христовото раѓање во Витлеемската пештера.

Тие ќе имат свој настап со стари македонски коледарски песни.

 

“БАДНИК ЗА СИТЕ!  – РАДОСТ ЗА СИТЕ!”

Освен во Радовиш, традиционално во речиси исто време, Бадникови поворки на радоста ќе се одржуваат во уште 39 градови и населени места во нашата земја. “Вечниот Бог” ќе се пее, и радост ќе се сее, низ улиците, а распеаните коледарчиња ќе бидат исто така дочекани и дарувани со најголема љубов, почит и пригодни пакетчиња.

Вечниот Бог – Коледарска песна

Вечниот Бог (Божикна честитка) коледарска песнаВечниот Бог слезе и во Дева се вселиСвет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;Луѓе радувајте се, играјте, ангели веселете се;Прими Го Витлееме Господ твој, Царот на сите и Владика;Мудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни;Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;Кога слушна Ирод за настанот, целиот се потресе злобниот;Вака вели на свештениците, кои Му служат на Господа;Кажете ми мудри учители, каде треба Он да се роди;Обземен од бура на помисли, Јосиф намисли да Ја отпушти;Ноќта, пак, во сонот слушна глас, ангел Господов му проговори;Денес сета твар да се радува, нек҆ торжествува и се весели;Светлина на светот му засветли и тие во мракот ги осветли;Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните.

Gepostet von Radovis News am Mittwoch, 3. Januar 2018



Related Articles

Временска прогноза