ФК ПЛАЧКОВИЦА СО НОВО ИМЕ НА ТРЕНЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА

Нашиот второлигаш најави ново име на тренерската позиција, Димитковски Љупчо -досегашниот стратег на ФК Тиквеш ќе биде дел од екипата која треба да се врати со победи во продолжението од првенството и избори опстанок во Втората фудбалска лига.

ФК Плачковица ги започна подготовките на Градскиот стадион во Радовиш, со што официјално новиот тренер започна со формирање на екипата и стратегијата со која треба да им донесе успех во следните натпревари.

ФК Плачковица во есенскиот дел се пласираше на седмата позиција на табелата и е на самата зона на испаѓање, со Димитковски управата очекува подобрување на резултатот и позитивни натпревари кои преостануваат од првенството.

Повеќе информации за претстојните подготовки во некоја наша следна објава.

 

*фото Радовишки спортски мозаик

 


 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза