ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА

Денес според метеоролозите ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисокото со снег, овие врнежи ќе бидат повеќе во претпладневните часови. Температура ќе се движи од 1 до 5 степени, а максималната од 5 до 10 степени целзиусови.

Радовиш ќе е со слично време со минимална температура до два степени, а највисоката дневна ќе достигне до деесет степени целзиусови.

До петок ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец кој повремено ќе се засилува во западните делови од земјата.

 


 


 

 

Related Articles

Временска прогноза