ОСУМ МИГРАНТИ ВО ПАТНИЧКО ВОЗИЛО НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ – возачот продолжил и удрил во бетонски ѕид

На магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на бензинска пумпа кај село Владевци, синоќа полициски службеници пронашле осум лица мигранти во патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки.

Во 22.45 часот во близина на бензинска пумпа кај селото Владевци, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „опел вектра“, сопственост на лице од  Слатино, тетовско, но возилото не застанало, по што удрило во бетонски ѕид на бензинската пумпа.

После тоа, возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот, а полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и СВР Струмица во возилото пронашле осум лица мигранти (еден од Сирија, тројца од Авганистан и четворица од Иран).

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Мигрантите се сместени во Прифатен центар за странци „Гази Баба“ и Привремен транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


 


 

Related Articles

Временска прогноза