СТИПЕНДИРАЊЕ НА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ

ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТЕ ЗА СТИПЕНДИИ НА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов на свечен начин ги додели договорите за стипендирање на најдобрите ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2019/20 год.

Оваа година се доделија вкупно 28 стипендии на талентирани ученици во општина Радовиш од кои: 16(шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта, 7(седум) стипендии на талентирани ученици од I до IV година во средното општинско училиште и 5(пет) стипендии на одлични ученици по основ на социјален карактер.

„Особено задоволство и радост е да се биде во присуство на најталентираните ученици во основното и средното образованиe во нашата општина. Со цел оваа радост да биде уште поголема и уште повеќе да го мотивираме натпреварот кај учениците за постигнување на уште поголеми успеси, планираме во иднина да го зголемиме бројот на стипендиите“ истакна Градоначалникот Конзулов.

Стипендиите во основното образование се во висина од 2.500 ден. а во средното образование во висина од 3.000 ден. а се доделуваат 9(девет) месеци во годината.

Информираат од Општина Радовиш (повеќе)


 


 

 

Related Articles

Временска прогноза