ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА, ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ДВИЖЕЊЕТО НА ЦРВЕН КРСТ

Црвен крст -Општинска организација Радовиш на ден 26.02.2020 год., одржа дисеминациска сесија за учениците од петто одделение од ООУ „Крсте Петков Мисирков” Радовиш.

На сесијата присутните слушатели се запознаа со движењето на Црвен крст, настанокот, амблемот, женевските конвенции и дополнителни протоколи како и основните принципи врз кои се темели работата на Црвениот крст.

Сесијата беше спроведена од страна на обучен дисеминатор проф.Новка Велева,истата имаше за цел запознавање на младинците со организацијата на Црвениот Крст.


 

Related Articles

Временска прогноза