Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, намалени цени на горивата.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 2.82%.
Најголемо е намалувањето кај ЕУРОДИЗЕЛОТ, каде цената на еден литар гориво се намалува за 2.00 денари и од вечерва на полноќ еден литар дизел ќе чини 58.50 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 1.5о денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.00 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1.00 денари и еден литар 98-октански бензин од вечерва ќе чини 68.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.