ПРОНАЈДЕНИ УШТЕ 40 МИГРАНТИ КАЈ СЕЛО ЛАКАВИЦА

Вчера вечерта на магистралниот пат Радовиш-Штип полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило  комби „пежо“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип.

Во близина на селото Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза