ДОАЃА ДОЖД И СНЕГ НА БАЛКАНОТ ПРЕДВИДУВА „ACCUWEATHER“

Mетеоролошки сервис „AccuWeather“ во својата прогноза за Балканот наведува дека оваа пролет ќе има малку повеќе врнежи на дожд од нормалното.

Периодот каде што ќе има најмногу врнежи се очекува да трае од март до почетокот на април, кога невремето што ќе го зафати делот околу Средоземното Море ќе стигне и до јужна Русија и ќе донесе обилни врнежи на дожд а можеби и снег.

Зголемените врнежи од овој период ќе има во некои делови од Балканот, со можности за  поплави, но врнежите од дожд ќе бидат корисни пред летните месеци, што можби ќе бидат и посуви од вообичаеното.

Обилни врнежи од снег се очекуваат во март, кога би го нарушиле патувањето низ целиот Балкански регион, особено во планинските области.

Од крајот на април до мај, ќе има зголемени врнежи и ветер, предвидува „AccuWeather“.

 


 

 

Related Articles

Временска прогноза