ЗАПОЧНА УВИДОТ ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ПРЕД ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

Почнува и рокот за собирање потписи на група граѓани во подрачните канцеларии на Комисијата и пред овластен нотар.

До 11 март на полноќ, почнувајки од денес граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата на Државната изборна комисија (www.sec.mk) и во подрачните канцеларии. 

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски вчера апелираше до сите оние што сакаат да гласаат на изборите да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список, но исто така предупреди дека доколку немаат важечки лични документи, граѓаните нема да може да гласаат.

До 11 март граѓаните може да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список и тоа во подрачните одделенија и месни канцеларии на Комисијата.

Предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 12 април.

 


 

Related Articles

Временска прогноза