„ГАСИФИКАЦИЈА НА РАДОВИШ“- презентиран проектот за изградбата на гасоводната мрежа на Радовиш

Во рамките на развојната програма за гасификација на целата територија на Македонија предвидена е изградба на нова гасоводна мрежа со висок притисок со која ќе се овозможи снабдување со природен гас преку постоечкиот гасоводен приклучок од Бугарија како и интерконекција со гасоводниот систем на Грција, Србија, Албанија и Косово.

За таа цел вчера на советниците на одржаната седница беше презентиран проектот „Гасификација на Радовиш“ од страна на проектантот „Филбис“  од Скопје.

Општина Радовиш е една од општините во Македонија која е предвидена да се приклучи на магистралниот гасовод Клечевце – Штип – Неготино – Кавадарци. Со оглед на тоа што не постои скорешна перспектива за изградба на гасоводен приклучок од овој магистрален гасовод до општина Радовиш, за гасифицирање на општината ќе се примени системот со т.н. “виртуелен гасовод”.

Преку дистрибутивните системи за природен гас ќе се снабдуваат:  Домаќинствата, колективни станбени објекти  и индивидуални станбени објекти, Објектите од Комерцијалниот и Услужниот сектор, и Индустриските објекти, со кој ќе се задоволуваат потребите од топлина за греење, санитарна топла вода и готвење. Се разбира со вака поставената дистрибутивна мрежа оставени се можности за поставување и на една станица за подготовка и преточување на КПГ – компримиран природен гас во моторни возила, со што и на овој сектор му се овозможува да користи ефтино и еколошко гориво.

 

 


 

Related Articles

Временска прогноза