Во Радовиш вчера се реализираа неколку работни состаноци од страна на претставници на Руската амбасада за поддршка на македонското стопанство во поглед на извоз со пријателска Русија.
Состаноци се одржаа во две компании во Радовиш и тоа во Млекара Ѓоргиеви/Бест фуд, и Флутинг Мак.
На овие работни состаноци присутни беа Владимир Хрисанфов-Претставник на економскиот дел на Руската амбасада во Македонија-Советник за економски и трговски прашања, Дејан Беслиев од Македонско-Руската стопанска комора, Пенче Едровски-правен консултант, Крсте Ѓоргиев-сопственик на Млекара Ѓоргиеви/Бест фуд од Радовиш, и Трајан Василев сопственик на компанијата Флутинг Мак од Радовиш.
Овие посети од страна на претставниците од Руската амбасада и Македонско-Руската стопанска комора, се со цел на поддршка на македонското стопанство и зголемување на извоз во Русија и Евро-Азиската унија.