Фото: СОНЧЕВАТА НАСЕЛБА „МАНТОВО“ ДОБИВА СОВРЕМЕНА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

Динамичен тек на работите и изградбата на патната инфраструктура во сончевата езерска населба Мантово. 

Носител на проектот e Центар за развој на Југоисточниот плански регион Партнери и Општина Конче. Вредноста е 12.232.806,00 денари, а ќе се реализира во времетраење од 9 месеци. Проектот е финансиран од Министерство за локална самоуправа – Биро за рамномерен регионален развој. Како главна цел на проектот е подобрување и развој на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион

 

Целите на овој проект, кои ќе бидат опфатени се:

– Изградба на патна инфраструктура во Сончевата Езерска населба Мантово;

 – Подобрување на животните и работни услови и трајно мотивирање на населението за опстанок во матичната средина;

– Подобрување на пристапноста до изградените атракции во населбата

– Зголемување на бројот на домашни и странски туристи;

– Зголемување на приходот од туризам;

– Зголемување на економски развој во Југоисточниот регион.

 

Езерото Мантово во општина Конче се смета за туристички локалитет со голем потенцијал на подрачјето на Југоисточниот плански регион. По капацитет тоа е втора акумулација во источниот дел на Македонија. Иако целосно се наоѓа во општината Конче, езерото е градено со цел да ги задоволи потребите и на соседните општини.

Оваа област е веќе утврдена како главен туристички центар со постоечки урбанистички план кој треба да се развива, наречен „Сончева Езерска населба Мантово“. Во близина на Езерото се планираат повеќе атракции со цел поттикнување на туристичката понуда.

Поради несоодветноста на пристапноста до оваа населба, во овој момент, ограничени се инвестициите во инфраструктурата на објекти за сместување и рекреација, додека во исто време самото население нема доволно мотивација за издавање на соби или започнување на било каков друг бизнис поврзан со туризмот.

Мантово, како туристичка локација во Југоисточниот плански регион не ги задоволува потребите и очекувањата на посетителите во однос на посета на локации со природна убавина околу Езерото.

Со овој предлог проект се предвидува подобрување на патната инфраструктура односно изградба на три улици кои водат до Сончевата Езерска населба Мантово, со што ќе се овозможи целосно активирање на потенцијалните релевантни за развојот на стопанството, подобрување на животните и работни услови и трајно мотивирање на населението за опстанок во матичната средина, ќе се подобри пристапноста на локалните туристи од околните општини која секоја година доаѓаат на риболов како и на другите туристи кои ги посетуваат изградените атракции во населбата.

 

 


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза