СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ЈА ОДРЖА СВОЈАТА 39 РАБОТНА СЕДНИЦА

Вчера попладне Советот на општина Радовиш ја одржа својата 39-та работна седница, со однапред донесен дневен ред од 23 точки. Седницата беше одржана во салата за состаноци на општина Радовиш, со неа претседаваше Претседателот Коле Чаракчиев.

Седницата започна со презентација пред советниците и присутните на Идеен Проект „Гасификација на Радовиш“, од страна на претставници на проектантската фирма „Филбис“ од Скопје, кои го изработија проектот за „Дистрибутивна гасоводна мрежа на Радовиш“.

Советот продолжи со работа со предложениот дневен ред каде што беа усвоени 22 точки, и тоа Предлог-одлуки за давање согласност на неколку основни училиште во општина Радовиш, Предлог-одлуки за донесување на урбанистички планови за населените места Дамјан, Ињево, Подареш, како и измена и допуна на ДУП за УБ-3 во Радовиш.

Исто така беа разгледани и усвоени и Предлог-заклучок, и план за давање на позитивно мислење за запишување на ученици во прво година во СОУ „Коста Сусинов“, и Програмите за изведување на ученички екскурзии за учениците од основните училишта.

На крајот советниците ги разгледаа и усвоија извештаите од работните тела на Советот на општина Радовиш


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза