БЕЗ СОБИРИ И МИТИНЗИ ЗА ИЗБОРИТЕ НА 12 АПРИЛ

Изборите на 12 април ќе се одржат, нема одложување, за тоа не станало збор на вчерашната лидерска средба, но поради коронавирусот и мерките и препораките, политичките партии ќе водат кампања без митинзи.

Кај премиерот Оливер Спасовски кој ја организираше оваа средба присуствуваа претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на движењето БЕСА Биљаљ Касами.

Сите заедно со заеднички став дека е најважно здравјето на граѓаните и дека ќе ги почитуваат препораките.




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза