ЕУРОСУПЕР -5, ЕУРОДИЗЕЛ -3 ДЕНАРИ – пониски цени од ноќеска на горивата

Со одлука на Регулаторната комисија од полноќ се намалени цените на нафтените деривати како резултат на рекордниот пад на вредноста на енергенсите на светските берзи. Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек изнесува 9,18 отсто.

 

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 5,00 денари за литар и ќе изнесува 49,50 ден. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4,50 денари за литар и ќе се продава за 52 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,00 денари по литар, и ќе изнесуваат 45,50, односно 34,50 денари.

Со одлуката на РКЕ за 3,195 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува  и ќе изнесува 18,738 денари.

 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза