На вчерашната седница Советот на градоначалници од Југоисточниот регион донесе одлука за третирање и прскање против комарци оваа сезона да се изврши од земја, каде што покажаа искуствата дека со третирањето од земја има подобар ефект од авионското прскање на регионот.
Третирањето против комарци минатата година се вршеше авионско во регионот но само Радовиш и Гевгелија оваа заштита и прскање ја спроведоа од земја. Планирано е да се изврши две третирања оваа сезона и три прскања.