МВР: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ

Граѓаните можат за излез од државата да ги користат сите гранични премини кон Бугарија и Грција без ограничувања, како и аеродромите во Скопје и Охрид.

Влез и излез кон Србија е возможен само на заедничкиот премин Табановце-Прешево. Косово има забрана за влез на сите странци, вклучувајќи ги и нашите државјани, значи нашите државјани не можат да влезат во Косово.

Нашите граѓани во Албанија можат да влезат само на граничниот премин Ќафасан, додека на Св. Наум и Стење само доколку патуваат во пограничните места, до овие премини.

Доколку доаѓаат од високо ризични земји, нашите граѓани можат да остварат влез в само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид.

Странските државјани кои доаѓаат од високо ризични земји не можат да влезат на ниту еден граничен премин, односно нивниот влез е забранет.

Информираат од Министерството за внатрешни работи




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза