МИНИСТЕРОТ ТРАЈАН ДИМКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Градоначалникот на Општина Радовиш, заедно со Претседателот на Советот, Коле Чаракчиев и секретарот на Општина Радовиш, Драги Стојанов вчера остварија средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, директорот на платежната агенција (АФПЗРР), Николче Бабовски и директорката на агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.

На средбата беше разговарано за проектите кои Општина Радовиш ги реализира со средства од Програмата за рурален развој од ЈПДП, но и за сите други проекти реализирани од средства на општината.

Градоначалникот изрази задоволство за добро завршената работа во делот на целосниот откуп на тутун, кој оваа година постигна највисока откупна цена во споредба со изминатите години.

 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза