НАПАД НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ ПРИ ВРШЕЊЕ РАБОТИ НА БЕЗБЕДНОСТ – кривична пријава за две лица од Радовиш

СВР Струмица поднесе кривична пријава против О.Д.(20) и О.Д.(23), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 11.03.2020, на место викано „Коштани“, во атар на Радовиш, додека вработени во Шумска полициска станица Радовиш извршувале работна задача за спречување на лица дрвокрадци, првопријавениот физички нападнал еден од шумските полициски службеници, а второпријавениот се обидел да побегне.




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза