НАРАЧКИ ПО ТЕЛЕФОН ОД РЕСТОРАНИТЕ, ЗАТВОРЕНИ КАФУЛИЊАТА, КАЗИНАТА…

Одлука која треба да се спроведе за 48 часа да се затвори охридскиот аеродром – истакна Министерот за здравство на синоќешната прес конференција.

Забранет е влезот на сите странски државјани и од земјите со среден ризик. Само МВР може да даде дозвола за влез на овие лица ако има посебен државен и економски интерес.

Во трговските центри ќе работат само супермаркетите и аптеките.

Се забранува работата на сите кафулиња, ресторани, казина… Сите овие фирми ќе можат да вршат онлајн-трговија, телефонски нарачки и достава.

Министерството за здравство од секој македонски државјанин што доаѓа од високоризичните и средноризичните земји ќе бара да потпише писмена изјава дека ќе биде 14 дена во самоизолација.

Ова се мерките против ширење на корона  вирусот кој ги соопшти Министерот за здравство Венко Филипче.


 Затворање на сите копнени гранички премини во Република Северна Македонија, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце кои да бидат отворени за премини на патници и возила;

 Прекинување со работа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно затворање на граничниот премин на овој аеродром, после 48 часа од донесувањето на оваа мерка;

 Забрана на влез на територија на Република Северна Македонија на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб-страницата на Министерството за здравство, освен за оние лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по мислење од Главниот координативен кризен штаб кои ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие лица да влезат во нашата држава под посебни услови и заштита согласно протоколот на Министерството за здравство;

 Затворање за посетители сите продавници во молови на територијата на Република Северна Македонија, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки.

Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава на нарачките;

 Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници.

Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!

Апелираше Министерот за здравство преку својата Facebook страница.




 

Related Articles

Временска прогноза