НОЌЕСКА БЕА НАМАЛЕНИ НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 1,50 денари за литар и изнесуваат 54,50 ден/лит за Еуродизел (Д-Е V) и 43,50 ден/лит за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,495 ден/кг и изнесува 28,895 ден/кг

Еуросупер БС95 и Еуросупер БС95-98, се намали за 2 денари за литар и изнесуваат 62 ден/лит за Еуросупер БС95-95 и 64,00 ден/лит за Еуросупер БС95-98.

Регулаторната комисија за енергетика на претходно донесената одлука изврши корекции и намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од вчера на полноќ во прoсек за 3,42% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 02.03.2020 година.




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза