ОД БЕРЛИН ПРИСТИГНАА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ КОИ ЌЕ СЕ ВО КАРАНТИН ВО ХОТЕЛОТ ЦАР САМУИЛ ВО СТРУМИЦА

Подготвени беа осум автобуси со кои ќе ги пречекат и превезат нашите сограѓани кои пристигаат од Берлин со летот вечерва.


Со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, обезбедуваме транспорт до хотелот Цар Самуил во Струмица, каде ќе бидат во следните 14 дена во задолжителен државен карантин – информираа од МЗ.

„Се работи за наши граѓани кои се враќааат во својата земја од различни страни на светот. Во вакви моменти секој се чувствува најбезбедно дома, меѓу своите најблиски. Овој модел мораме да го поддржиме, за доброто на сите.

Им благодариме на сите колеги по институциите кои деноноќно и посветено работат на безбедно враќање на нашите граѓани дома“, напиша на ФБ, Филипче.

Им благодариме на сите колеги по институциите кои деноноќно и посветено работат на безбедно враќање на нашите граѓани дома.
На нашите сограѓани во карантин им посакуваме здравје и што полесно да го поминат карантинот, а до сите останати сограѓани апелираме да ги следат мерките за заштита и да останат во своите домови.

 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза