ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ СЕ ЗАТВАРА – летовите се пренасочуваат на скопскиот

Аеродромскиот оператор, за оваа одлука ги известил сите авиокомпании кои летаат од и до аеродромот Св. Апостол Павле и им е понуден Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови.

Cогласно одлуката на Владата, ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид почнувајќи вечерва од полноќ, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на коронавирусот.

Сите патници треба да ги контактираат нивните авиокомоании, во врска со летовите кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:

Виена – 7 часот и 50 минути – Визер
Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс
Малме – 17 часот и 35 минути – Визер
Базел – 18 часот и 30 минути – Визер

 




 

Related Articles

Временска прогноза