СОСТАНОК НА ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

На 19.03.2020 год . одржан е состанок на Штаб за Заштита и Спасување на Општина Радовиш во присуство на сите членови на штабот, на иницијатива на Командантот на штабот Герасим Конзулов. На состанокот беа присутни и Секретарот на Општина Радовиш Драги Стојанов и Директорот на ЈП ,,Плаваја” Дејан Крстев.

Според состојбата во земјатата и препораките од Владата на Република Северна Македонија ,Министерството за здравство и Законот за заштита и спасување, состанокот има за цел да се упатат апели и препораки до граѓаните на општина Радовиш и останатите субјекти во општината.

Од состанокот произлегоа следниве заклучоци:

– Од Градскиот пазар се отстранува продажбата на текстилни производи и истиот ќе биде наменет само за продажба на прехрамбени артикли т.е.овошје и зеленчук со работно време од понеделник,среда и сабота и истото да биде контролирано од полициски службеници и пазарна инспекција.
–Дезинфекцијата на улиците и јавни површини на подрачјето на општината продолжува понатам.у
– Се воведува редуцирање на работното време на вработените во Општина Радовиш од 08:00-14:00 часот со по еден вработен во канцеларија.
– Се препорачува граѓаните во објектот на Општина Радовиш да користат соодветна заштита
–Градоначалникот на Општина Радовиш нема да врши прием на граѓани се додека трае епидемијата, за сите прашања граѓаните можат да се обратат на тел.032/617-700.
– Народната кујна во општина Радовиш продолжува со работење за опслужување на одредената група корисници со оброк, согласно препораките за заштита од
вирусот корона
– Се задолжуват превозниците на такси превоз секојдневно да вршат
дезинфекција на своите возила кое ќе подлежи на контрола од Сообраќаен инспектор.
– Се упатува апел до граѓаните беспотребно да не излегуваат од домовите и да се придржуваат до препорачаните мерки од Владата и Министерството за здравство.
– Се упатува апел ОВР Радовиш да дејствува во случај на појава поголеми групи на граѓани.
–Ќе бидат вклучени волонтери од страна на Општината и Општинската организација на Црвен Крст- Радовиш за достава на неопходни средства за стари и изнемоштени лица и граѓани во изолација.
–Се апелира до граѓаните кои поседуват домашни животни, да обезбедат максимална хигиенски услови при нивното одгледување.
– Се апелира погребните обреди да се одвиват во потесен круг на семејството.
– Се апелира граѓаните да бидат совесни при купување на поголеми количини на прехрамбени и заштитни и дезинфекциски средства,непотребно да не се прави
залиха на истите,како би се овозможило секој да има пристап до истите.
– Се задолжува пазарната инспекција да врши строги контроли на цените на прехрамбени производи.

Сите овие апели,препораки,задолженија од состанокот на Штабот за заштита и спасување на Општина Радовиш, може да претрпат измени, во зависност од состојбата
на подрачјето во нашата земја и препораките и мерки донесени од Влада на Република Северна Македонија.

Штаб за заштита и спасување на општина Радовиш
Командант Герасим Конзулов

 

Информираат од Општина Радовиш

 

 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза