Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35.
Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје.Состојбата на сите пациенти е стабилна.
Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.
Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.
Повеќе информации на прес-конференцијата на Министерот за здравство Доц. Д-р. Венко Филипче закажана за 15:00 часот во Владата.
Министерството за здравство