Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот изнесува 26 лица. Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти, кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат.
Состојбата на сите пациенти е стабилна.
Министерот за здравство, утрово, одржа состанок со Комисијата за заразни болести и присуствуваше на кризниот штаб на Владата.
Повеќе информации од прес конференцијата на министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче закажана од 14:00 часот во Владата.