Со помош на средствата од ИПАРД 2 се отвораат нови преработувачки капацитети, се зголемува извозот на финални производи и се отвораат нови работни места, рече Трајан Димковски на граѓанска трибина со земјоделците во Радовиш.
Заврши откупот на тутун. Спорведовме политика со која во првата година воведовме субвенции по класи. Годинава највисока откупна цена по килограм е 220 денари за разлика од претходно кога цената беше 182 денари.
На вчерашната граѓанска трибина во Радовиш, Министерот Димковски ги презентираше идните политики за развој на земјоделството, и слушаше предлози од земјоделците.
Членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски учествуваше на граѓанска трибина со земјоделците од Радовиш која се одржа во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш