УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛЕ МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА – инфотмираат од МВР

Ноќта на 30/31.03.2020 година на подрачјето на СВР Струмица шест граѓани ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период.

Од овие лица, четири се затекнати на подрачјето на Полициската станица Радовиш, по едно на подрачјата на Полициска станица Струмица и Полициска станица Гевгелија. Во просториите на полициските станици е приведено едно лице.

 

Воедно, на 30.03.2020 година до надлежните обвинителства се поднесени и три кривични пријави против шест лица кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РСМ, од кои две пријави против три лица се поднесени до Основното јавно обвинителство Радовиш и една пријава против три лица до Основното јавно обвинителство Валандово.

 



 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза