Богатиот спортски викенд започна во саботата со првиот натпревар од пролетниот дел на првенството во второлигашката конкуренција, ФК Плачковица со ФК Кожуф.
И покрај големите желби за победа нашата Плачковица одигра половично со резултат 1-1, полувреме 0-1 што не го исполни очекуваното спрема фудбалската и спортската јавност во Радовиш и не забележа победа која и те како им е потребна во борбата за опстанокот во Втората фудбалска лига.
Сите ние се надевавме дека од овој натпревар ќе ја видеме обновената Плачковица со неколкуте нови играчи и повратниците заедно со новиот тренер Гањо, но не излезе така, ФК Плачковица имаше играч повеќе од 34 минута во второто полувреме но и тоа не го искористивме.
Натпреварот започна борбено, со многу иницијативи и шанси на двете екипи, за во 40 минута ФК Кожуф искористи шанса и постигне гол за водство од 1-0, со овој резултат се отиде на полувреме, воторот полувреме започна со одлична иницијатива на нашиот тим, но немаше реализација, следуваше притисок од гостинскиот табор кон судиите, продолжи грубата игра, во 32 минута беше досуден пенал за ФК Плачковица и бурните ракции и кон судиите допринесоа да биде исклучен голманот на гостите.
ФК Плачковица реализираше, но и со играч повеќе не успеа да искористи и ги освои трите посакувани бода. Инаку според препораките на Министерството за здравство и настанатата состојба натпреварот беше одигран без публика.
Фотогалерија ФК ПЛАЧКОВИЦА-ФК КОЖУФ
Резултати
ТИКВЕШ – САСА 4:0
БРЕГАЛНИЦА – КИТ ГО 1:0
ПИТУ ГУЛИ – ПОБЕДА
ОСОГОВО – БЕЛАСИЦА 0:2
ПЛАЧКОВИЦА – КОЖУФ 1:1
Остануваат уште три редовни кола од првенството, потоа следува ждрепка по Бергер и уште неколку натпревари.