ЗДРАВКО ТРАЈАНОВ, КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК НА ЛИСТАТА ОД ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на партијата после одржувањето на состанокот, преку Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги објави имињата на кандидатите за пратеници.

Д-р Здравко Трајанов е кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ , тој е Доктор на шумарски науки, редовен професор на Шумарски факултет, Скопје, а како претставник од нашиот град е седми на листата за претстојните предвремени Парламентарни избори кои се закажани за 12 април.

Тој беше носител на Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година и Советник во Советот на општина Радовиш во периодот 2013-2017 година.

Изборна единица 4

1. Александар Николовски од Охрид,
2. Ане Лашкоска од Прилеп,
3. Дајанчо Ефтимов од Василево,
4. Ели Панова од Струмица,
5. Зоран Јованчев од Каварадци,
6. Петар Ристески од Прилеп,
7. Здравко Трајанов од Радовиш,
8. Ангелина Петкова од Гевгелија,
9. Златко Пенков од Неготино,
10. Јадранка Поцкова од Струмица,
11. коалиција,
12. коалиција,
13. Дејан Бошков од Валандово,
14. Ирена Стерјоска Локвенец од Прилеп,
15. Слободан Ивановски од Кавадарци,
16. Димитар Лазаревски од Могила,
17. Катерина Мојсоска од Кривогаштани,
18. Златко Темелковски од Кукуречани,
19. Владимир Ристов од Струмица и
20. Александра Свајќароска од Прилеп.

Носител во четворка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е потпретседателот на партијата, Александар Николовски. Николовски е пратеник во повеќе мандати.  Тој е именуван за меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година.




 

Related Articles

Временска прогноза