ОПШТИНА РАДОВИШ СО ИЗВЕСТУВАЊЕ И ИНФОРМАЦИИ ЗА АКТИВНОСТИ И ПРЕВЕНЦИЈА

Врз основа на законските одредби за утврдување на мерките за спречување на појава, внесување, рано откривање и спречување на ширењето и сузбивање на корона вирусот заради заштита на населението на општина Радовиш, градоначалникот на општината Герасим Конзулов во рамките на своите законски овластувања  ги реализира следните мерки и активности за превенција:

-Сите граѓани од општина Радовиш, кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, строго да се придржуваат кон Наредбата за спроведување на задолжителна самоизолација. за време на траење од 14 дена.

-МВР СВР Радовиш на дневна основа задолжително да доставува податоци за лицата кои се пристигнати од високо и средно ризичните држави и да врши постојана контрола за почитување на Наредбата за спроведување на задолжителната самоизолација.

-Во соработка со ЈП ,,Плаваја,, -Радовиш, се врши дезинфекција на улиците и контејнерите за собирање на смет.

-Се дезинфицираат просториите на образовните институции, градинките, културниот дом, библиотеката и др.

-Во соработка со Црвен крст организирани  се мобилни волонтерски екипи за достава на неопходни средства до ранливите категории на лица: стари, изнемоштени лица, лица со попреченост кои имаат потешкотии со движењето, со цел да им се овозможи секојдневно функционирање и да не се изложуваат на дополнителна опасност.

Помошта на мобилните екипи се состои од помош за набавка на намирници,подигање на лекови, достава до домовите и плаќање на сметки.

 

За помош од волонтерските екипи заинтересираните граѓани да се јават на следните телефонски броеви:

-072-277-177 Црвен крст општинска организација Радовиш

-075-309-370 Општина Радовиш

Се молат граѓаните да не ги злоупотребуваат телефонските броеви.

 

-Општина Радовиш следејки ги препораките од Министерството за здравство,на огласната табла и електронски, објави телефони за контакти со стручните служби на општината.

 

-За секоја промена на ситуацијата во општината а во врска со пандемијата ке бидете навремено информирани

 

Со почит, Општина Радовиш       

 




 

                            

Related Articles

Временска прогноза