ДЕНЕС СЕ ВРАЌАТ ЗАТЕКНАТИТЕ ГРАЃАНИ ВО ХРВАТСКА И МАЛТА

26.03.2020 год. – Транскрипт од изјавата на Државниот секретар на МНР Зоран Попов, по однос на моменталната состојба со затекнатите македонски граѓани во странство и нивна репатријација

1. Како се организираше превозот и со кого се моравте да се координирате?

Попов: Согласно заклучоците на Владата на Република Северна Македонија и Кризниот штаб на Владата, Министерството за надворешни работи беше задолжено да организира превоз, поддршка и враќање на затекнатите македонски државјани во странство. Министерот за надворешни работи имаше повик во два наврати, до нашите затекнати граѓани во странство да се пријават во соодветните ДКП-а во местото на своето престојувалиште. Повикот беше затворен во недела 22 Март во 18ч., при што се јавија вкупно 5.250 граѓани, од кои 2900 граѓани се изјаснија дека сакаат да се вратат во Република Северна Македонија, дека прифаќаат задолжително да одат во државен карантин и дека прифаќаат да ја платат цената на чинење на авио-билетот.

 

2. Што се организира конкретно за наредните денови, од каде ќе треба да пристигнат првите македонски државјани со авион? Колку ќе плаќаат за билетот што го спомнавте предмалку?

Попов: Утре ќе ги имаме првите два лета, и двата авиона полетуваат во 12 ч., едниот од Загреб, вториот од Ла Валета  – Малта. Цената на чинење се утврдува на следниот начин: вчера наутро Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија упати јавен повик до авио-компаниите и тур-операторите во Северна Македонија со единствен услов, најниска цена на чинење на летот. За првите два лета тендерот го доби компанијата Wizz Аir. Летовите ќе се организираат во 12ч. од Загреб и од Ла Валета. Цената на чинење зависи од капацитетот на авионот и пополнетоста на авионот.  Добиената цена по јавниот повик се дели со бројот на патници во авионот. За Загреб имаме Airbus со 230 седишта, до сега се пријавени 226 граѓани, а за Ла Валета имаме 147, Airbus320 со 180 седишта.

3. Дали колку барања имате од прекуокеанските земји и дали и тие ќе можат да се вратат органзирано во државата?

Попов: Се работи за 350 барања од Северна Америка, Јужна Америка, Австралија, Азија и Африка. Ова е покомплицирано, правиме напори во соработка со соседните  земји и земји членки на ЕУ, земји кои испраќаат летови да ги соберат своите граѓани од тие дестинации, да се организираме за заеднички специјален лет и преговорите течат во моментот. Правиме се што е во можност да ги извлечеме и тие наши граѓани. Во моментот приоритетот е на Европа, 95% од вкупно пристигнатите барања, 4850 од вкупно 5200 се однесуваат на Европа. Правиме се што можеме да ги извлечеме и нашите граѓаните на другите континенти.

4. Дали сите граѓани без исклучок одат веднаш во карантин и дали тоа се спроведува без проблеми?

 Попов: Апсолутно, секој граѓанин е лично контактиран и има дадено лична согласност дека по слетувањето во Северна Македонија ќе оди во задолжителен државен карантин најмалку 14 дена. Согласно досегашните искуства имавме неколку успешни акции, со Црна Гора, со Турција, со Словенија денеска, со Словенија дел од автомобилскиот конвој, а ќе има и лет. Функционира беспрекорно и без проблеми, државата има организирано соодветни капацитети, тие граѓани се преземаат на граничните премини и се носат во државен карантин.

Сакам да кажам уште нешто, дека оваа акција пред се’ се однесува на затекнатите наши граѓани во странство, а не и граѓаните на Северна Македонија кои имаат регулиран престој.

 

Извор МНР



Related Articles

Временска прогноза