ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЈАВА, ШИРЕЊЕ И СУЗБИВАЊЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ

Конкретни превентивни мерки и активности за спречување на појава, ширење и сузбивање на корона вирусот се превземат од страна на општина Радовиш.

Покрај редовните активности, во Сабота на 28.03.2020 година, извршена е целосна дезинфекција на објектот на општина Радовиш, во кој покрај локалната самоуправа се сместени подрачните одделенија на министерствата и други институции.
Исто така извршена е дезинфекција и на објектот на Територијалната противпожарана единица (ТППЕ) Радовиш, како и на возилата на општината и противпожарните возила.
Дезинфекцијата ја изврши Центарот за јавно здравје, служба за дезинфекција, дезинсекција и дератизација. За сите понатамошни превентивни мерки и активности, кои ке ги презема Општинскиот штаб за заштита и спасување, граѓаните на општина Радовиш, редовно ке бидат информирани.
Општински штаб за заштита и спасување

 

 



 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза