30 ЧЛЕНКА НА НАТО, ШПАНИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО

Шпанскиот Сенат на пленарна седница денес го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот.

Шпанија беше последна држава што требаше да ја заврши постапката за ратификација. Без ниту еден глас против шпанскиот Сенат го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Со ратификацијата на пристапниот Протокол од Сенатот и неговото потпишување од страна на шпанскиот крал, ратификацискиот инструмент треба да биде депониран во Стејт Департментот.

 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза