МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ КОИ СЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО СТРАНСТВО ИМАТ МОЖНОСТ ДА СЕ ВРАТАТ СО ЧАРТЕР ЛЕТОВИ

Пријавени граѓани се од земјите во Европа, најмногу во Германија. Целта, вели Димитров -министерот за надворешни работи, пред се да им се помогне на тие што се затечени и не можат да се вратат, оние кои немаат друга дома.

Дежурен тим во МНР се јавува на секој пријавен поединечно за да каже дека заради кризата ќе треба да имаат извесен надомест за трошоците за чартер летот и дека ќе треба да прифатат да поминат двонеделен карантин.

Со чартер летови до скопскиот аеродром треба да бидат вратени во земјава повеќето од македонските државјани во странство кои побарале помош од МНР. Тие ќе треба да си ги платат авиобилетите и да прифатат да поминат во карантин 14 дена што го покрива државата. Јавниот повик до авиокомпаниите да се организираат чартер летовите ќе го упати Генералниот секретаријат, за што Владата донесе уредба синоќа на седница.

Никола Димитров вчера кажа дека до крајниот рок за пријавување – 18 часот на 22 март 2020 година, помош од МНР да се вратат во земјава побарале 5.000 македонски граѓани. Досега се обработени 4.000 од пријавите, а 2.100 граѓани се согласиле со поставените услови и ќе се вратат организирано.

Ние нема да имаме ресурси да организираме чартери бидејќи имаме по еден граѓанин што се пријавил во Тајланд, во Нов Зеланд. Пред се ќе одиме во земјите каде има голема концентрација и најмногу барања, како што се европски земји, изјави Димитров.

 

 




 

 

Related Articles

Временска прогноза