БЕНЗИНИТЕ ПОЕФТИНУВААТ ЗА ТРИ ДЕНАРИ

Регулаторната комисија за енергетика согласно денешната одлука го објави ценовникот, од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 5,56%.

Ова се должи на падот на цените на горивата на светските берзи, од вечерва на полноќ цените на горивата се намалуваат и кај нас.

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, поевтинуваат за 3,00 денари по литар и ќе се продаваат за 64,00 ден., односно 66,00 ден/литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари и ќе изнесува 56,00 ден/литар.

 


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза