Екипата на ППК „Радовиш“ гостуваше во Скопје каде силите ги одмери со екипата на ППК „Телеком НЕЦ“ од Скопје.
Нашата екипа во еден изедначен и многу возбудлив натпревар издвојува мошне значајна победа со резултат од 4:3 и возврати за поразот во првото коло од истата екипа. На овој натпревар нашите натпреварувачи покажаа карактер во најтешките моменти каде ги добја најзначајните поени и сетови издвојувајќи мошне значајна победа.Со овие 2 бода моментално се искачија на 5-то место на табелата во супер Лигата на нашата земја.
На овој натпревар настапија: Милчо Чачаров, Гоце Димоски и Венко Стојанов. Во нашата екипа капитенски Гоце Димоски издвојуваше две победи од два одиграни сингл натпревари и заедно со Венко Стојанов во ДУБЛ ги победија Скопските противници каде точка на натпреварот стави Венко Стојанов со сигурна игра во последниот 7-ми натпревар каде ја завери заслужената победа против стариот „должник“.
Претстојниот викенд во Недела нашите натпреварувачи ке ги одмерат силите со екипите на ППК „Младост 96“ од Прилеп и екипата на ППК „Шампион ФА“ од Штип. Се надеваме на добра игра на нашите натпреварувачи и се очекуваат два возбудливи натпревари со екипите од Прилеп и Штип.
Резултати
Младост – Вардар 4:2
Работнички – Шампион Фа 1:4
Телеком Нец 1 – Радовиш 3:4
Табела – Супер лига (после 8 коло)
- Младост
- Шампион Фа
- Работнички
- Младост 96
- Радовиш
- Телеком НЕЦ
- Вардар
ППК Радовиш