На 21.04.2020 полициски службеници од Полициска станица Радовиш во содејство со вработени во Шумска полиција Радовиш во дворното место на лице на ул.„Готен“ во Радовиш пронашле бесправно исечени огревни дрва.
Дрвата се одземени и предадени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ Радовиш, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Информираат од СВР Струмица
*фото Архива