46 лица новозаболени од корона вирус во земјава се дијагностицирани во изминатите 24 часа, што е најголем раст на дневната бројка од почетокот на ширењето на заразата досега, 430 се вкупно инфицирани.
Од здравството информираат дека на Инфективна клиника починале две лица, 68-годишен маж од тетовско заболен од вирусот и 70-годишен кумановец за кои се уште се очекуваат резултатите од земените брисеви. И двајцата имале повеќе хронички болести.
Најголем раст во изминатото деноноќие има во Куманово каде се регистрирани нови 23 лица, од кои 11 се медицински работници.
Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.
Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Министерот за здравство Венко Филипче од прес конференција со најновите информации за состојбата со коронавирусот.
https://www.facebook.com/VladaMK/videos/585745125351488/