ДИЗЕЛОТ ПОЕФТИН ЗА ЧЕТИРИ ДЕНАРИ-нови цени на нафтените деривати

Бензините поевтинија за 2-2.5 денари, со новата одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 7.76%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 2.50 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 49.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 2 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 52.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 4.00 денари – и од синоќа на полноќ еден литар дизел гориво чини 42.50 денари.

 

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза