ЗАВРШИ 85 ЧАСОВНИОТ КАРАНТИН ЗА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Премиерот соопшти дека е можно после 1 Мај да се почне со олеснување на некои од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала.

Полицискиот час од денеска продолжува како во работните денови во изминатата седмица од 16 часот попладне до 5 наутро. Во сила е забраната за групирање на повеќе од две лица, освен за родители со деца до 14 години. На повозрасните од 67 години дозволено им е да излезат надвор од домот од 10 до 12 часот, а на младите до 18 години – од 13 до 15 часот.

Утрово во 05:00 часот заврши најдолгата 85-часовна забрана за движење на целата територија на државава, која почна во петокот од 16:00 часот.

Изминатите 85 часа полицијата привела повеќе лица кои не ја почитувале забраната за движење и за нив ќе бидат покренати соодветни прекршочни пријави.

Сопствениците на кучиња може да ги изнесат надвор своите миленици од 20 до 20:30, и притоа да не бидат подалеку од 100 метри од објектот во кој живеат.

Движењето за време на полициски час им е дозволено само на категории граѓани кои имаат работни обврски и поседуваат дозволи што ги издава Министерството за информатичко општество и администрација.

 

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза