Задолжително носење опрема за лична заштита како маска, марама, шал или што било за да се покријат устата и носот надвор од своите домови, на отворен и затворен јавен простор како и во јавниот сообраќај.
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, на прес-конференција појасни дека кога станува збор за отворен јавен простор задолжително е носење прекривка на пазарите и на отворени простори каде не може да се одржува физичката дистанца од два метри.
Нема да биде потребна во двор, на тераса, при возење велосипед, спортување или ако се возите во патничко возило со лица кои живеат со вас во заедница или домаќинство.
„Задолжително е носењето маска, шал, марама и други слични прекривки во маркети, продавници, пошти јавен сообраќај…Значаен процент од заболениете се асимптоматски.
Лицето кое е пред вас во ред може да е заболено, а да не знае. Прекривката на носот и устата ќе овозможи прекин на преносот на вирусот преку капките“, рече Спасовски.