ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КРИЗЕН ШТАБ -информација за дозволи за движење на лица за време на забраната и посебниот режим на движење

Врз основа на известувањето бр.44-2282/24-1 од 10 април 2020 година, во врска со Зклучокот донесен на Дваесет и четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 10 април 2020 година,во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19,  кој гласи:

– Општинските кризни штабови за заштита и спасување не смеат да издаваат дозволи за движење на лица за време на забраната и посебниот режим на движење територијата на Република Северна Македонија, односно барањата само да ги проследува до надлежните државни институции (Министерство за внатрешни работи и Министерство за информатичко оопштество и администрација).

– Општинскиот штаб за заштита и спасување ги известува граѓаните на општина Радовиш следното:

-Граѓаните кои имаат неопходна потреба за движење за време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на општина Радовиш, а немаат регулирано досега дозволи за движење,  да доставуваат барања до општина Радовиш, понатаму барањата ке бидат проследувани до Министерство за внатрешни работи и Министерство за информатичко општество и администрација.

-Барањата да содржат:

            -лични податоци (име презиме, адреса, број на лична карта и матичен број)

            -опис на потребата за движење,

            -време на поаѓање и врќање (датум и час)

            -место на поаѓање и место на престој

 

-Барањата да се доставуаат до општина Радовиш, прием на барања на портирница од 14.04.2020 година од 08,00 до 13,00 часот, заклучно со 16.04.2020 година

Контакт телефон:075-493-196.

 

           

                                                                        Општински штаб за заштита и спасување, Командант  Герасим Конзулов

 



 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза