ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕТИ СО ИЗМИНАТ РОК ЌЕ ВАЖАТ ДОДЕКА ТРАЕ СОСТОЈБАТА

Личните документи (лични карти и пасоши) на кои им истекол рокот ќе имаат продолжено важење за времетраење на вонредната состојба воведена поради коронавирусот.

За продолжување на важноста Владата донесе уредба која има сила на закон, потсети премиерот Оливер Спасовски во врска со прашањата од граѓани кои имаат истечени документи или закажани термини за вадење нови, а поради ограниченото движење се оневозможени да одат во службите.

  • Во овој период граѓаните да не се оптоваруваат, ниту да се вознемируваат поради тоа што им истекува важноста на некој од документите. Поважно е да го зачуваат своето здравје, поважно е да не придонесат за ширење на вирусот, рече Спасовски одговарајќи на новинарски прашања попладнево на прес-конференција.

 

 



About the author /


Related Articles

Временска прогноза