Денеска имаме нови 42 лица оздравени од коронавирусот, се надевам дека овој број ќе продолжи брзо да расте. Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови – истакна Министерот Филипче.
Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови:
– Скопје -13
– Куманово -25
– Штип – 1
– Прилеп – 10
– Тетово – 1
– Велес – 2
– Гостивар – 1
– Кичево – 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица.