НЕМА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД РАДОВИШАНИ, ОСТАНУВААТ ШЕСТЕ ПРИЈАВИ ОД ПРВИ АПРИЛ

НЕМА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД РАДОВИШАНИ, ОСТАНУВААТ ШЕСТЕ ПРИЈАВИ ОД ПРВИ АПРИЛ

Ноќта на 02/03.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица четворица граѓани затекнати на подрачјето на Полициска станица Гевгелија ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Истите се приведени во Полициска станица Гевгелија.

Воедно, на 02.04.2020 година до надлежните обвинителства се поднесени 35 кривични пријави против 36 лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, од кои 26 пријави против 27 лица се поднесени до Основното јавно обвинителство Струмица и девет пријави против девет лица до Основното јавно обвинителство Гевгелија.

На 02.04.2020 во 20.15 часот на регионален пат 1102, од с.Смоквица кон с.Прдејци, општина Гевгелија, во близина на мостот на река Зујца се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(51) од Скопје, изгубило контрола и се превртело на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.


Ноќта на 01.04./01.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица единаесет граѓани ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Од овие лица, седум се затекнати на подрачјето на Полициската станица Струмица две на подрачјето на Полициска станица Радовиш и по едно на подрачјата на Полициска станица Валандово и Полициска станица Гевгелија. Во просториите на полициските станици е приведено едно лице.

Воедно, на 01.04.2020 година до Основното јавно обвинителство Радовиш се поднесени шест кривични пријави против дванаесет лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РСМ.

 

Информираат од СВР Струмица



 

Related Articles

Временска прогноза