Вчера во 13:40 часот било пријавено дека во Радовиш, на ул.„Даме Груев“ М.Т.(42) од с.Подареш, управувајќи мопед „гилера“, без регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот, удрил во паркирано патничко возило „рено“ и паднал на коловозот.
Во незгодата М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.