На полноќ вечерва малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 50,50 ден/лит.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,49 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 06.04.2020 година.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од минатата недела од 45,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар и ќе изнесува 33,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг и ќе изнесува 20,106 ден/кг.
Од 14.04.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 48,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 50,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 45,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 33,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 20,106 (денари/килограм)