ПРОДОЛЖУВА НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ, ПРИЈАВИ ОД ОЈО „РАДОВИШ“

Ноќта на 13/14.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица 6 граѓани, од кои едно малолетно лице ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Притоа, 5 лица, меѓу кои еден малолетник се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица и едно лице на подрачјето на Полициска станица Радовиш. Во просториите на полициските станици е приведено едно лице.

Воедно, на 13.04.2020 година до надлежните обвинителства се поднесени и шест кривични пријави против осум лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РСМ, од кои четири пријави шест лица се поднесени до Основното јавно обвинителство Радовиш и две пријави против две лица до Основното јавно обвинителство Валандово.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани 16 нови лица со изјава за самоизолација, а вкупно се извршени 20 контрола над лица кои со решение од Државен здравствен и санитарен инспекторат се во домашна изолација и 106 контроли над лица кои се во самоизолација

Информираат од СВР Струмица



About the author /


Related Articles

Временска прогноза